Музиката им помага на децата да се развиваат, да го разберат светот кој ги опкружува, но и да ги искажат своите лични искуства. Меѓутоа нејзината образовна улога е уште поважна, со оглед на тоа дека поттикнувачки дејствува на севкупниот развој на детето. Најновите истражувања го потврдуваат и истакнуваат нејзиното големо значење. Научниците откриле дека структурите кои ја сочинуваат музиката се идентични на оние врз основа на кои функционира човечкиот мозок.
Натамошните студии покажале дека човекот се раѓа со вродена музикалност и дека музиката влијае на нашето мислење и однесување. Најголемата моќ музиката ја покажува во своето влијание врз процесот на учењето, развојот на мозокот и организациските особини, како и на целокупниот нервен систем.
Во исто време со музиката се изразува нашата емоционална природа. Во секој случај, таа има есенцијално значење за човечкот живот, бидејќи има моќ на другите да им ја претстави нашата вистинска природа.
Музиката помага за развојот на говорот
Важно е да се сфати дека воведувањето на музиката во животот на детето треба да се почне што е можно порано, со цел тоа да научи да ја сака и цени класичната музика. Од моментот кога бебето се зачнува во стомакот, па се до средното училиште, улогата на родителот без разлика на нивната музикалност се состои со непрекинато претставување на класичната музика пред своите деца со помош на разновидните активности, кои го стимулираат нивното учење. Фетусот е во состојба да ги слушне звуци веќе во 20-тата недела од животот.
Полесно се учи математика
Со помош на музиката полесно се учи математиката. Кога децата учат ритам, тие во исто време учат делење, делови и пропорции. Ова се резултатите од најновите истражувања, спроведени на калифорнискиот Универзитет Ирвин во кои е работено со седумгодишни деца.
Неуромузикологијата или како музиката дејствува на мозокот е научна дисциплина, која забрзано се развива изминатите години. Научниците дојдоа до откритие дека музиката го тренира мозокот за повисоко ниво на размислување. Според споменатите истражувања, музиката исто така, го поттикнува развојот на временско-просторно резонирање, кое се користи при учење на повисоки форми на математика и наука.
Развивање на интелектот
Музиката влијае на мозокот и на други начини. Поради своите комплексни структури, кои се повторуваат, таа го поврзува и развива моторниот систем на мозокот, ги развива сетилото за вид и слух, ја зајакнува координацијата, концентрацијата и меморијата. Истражувањата покажале дека студентите кои слушаат класична музика додека учат, полесно ги „впиваат“, задржуваат и репродуцираат содржините од оние кои учат во тишина.
Ја поттикнува дружељубивоста
Музиката ги поттикнува социјалните вештини кај децата. Децата кои се занимаваат со музика развиваат повисоко ниво на социјална кохезија и полесно им е да се разберат себе си и другите. Емоционалниот аспект на музичките активности исто така го поттикнува развојот на една многу важна социјална вештина како што е емпатија (сочувство за другите).
Голем број наставниците ќе ви кажат дека со музиката детето полесно ги изразува своите внатрешни емоции, како и дека со нејзина помош полесно ја развива самодовербата. Како форма на изразување музиката е во состојба да ја пренесува комплексноста на емоциите и на тој начин, особено на срамежливите и плашливите деца, кои имаат потешкотиите во комуницирањето со говор, им помага полесно да се изразат.