Пусиќ: ЕУ загрижена од експанзионистичката политика на Русија кон Балканот

Од:

Руското барање од резолуцијата за БиХ на Советот за безбедност на ОН да се исфрли реченицата во која се споменуваат евроатлантските интеграции предизвикува загриженост, изјави денеска хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ.

Украинската криза и односите со Русија се главната тема на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите членки во Брисел, на кој учествува и Пусиќ, а на чиј дневен ред е и расправата за Босна и Херцеговина.

На барање на новинарите Пусиќ го коментираше ставот на Германија околу експанзионистичката политика на Русија кон Балканот.

Таа изјави дека при гласањето за резолуцијата за БиХ во Советот за безбедност на ОН Русија побарала од резолуцијата да се исфрли реченицата за евроатлантската перспектива на БиХ. На крајот Русија не гласала против резолуцијата, туку била воздржана, а министерката Пусиќ истакна дека тоа е првпат да се има ваков став за земја која не се граничи со Руската Федерација.

Пусиќ истакна дека евроатлантските или барем европските интеграции за земјите од југоисточна Европа се исклучително важни, бидејќи сите овие земји не се заинтересирани за членство во НАТО, но се за членство во ЕУ.

-Тоа е нешто што барем треба да се прими на знаење и што загрижува, рече Пусиќ.

Весникот „Шпигел“ денеска објави таен документ на германското Министерство за надворешни работи во кое се изразува загриженост заради противевропскиот притисок од Москва врз Србија и останатите земји од западен Балкан, пред се Босна и Херцеговина.

„Целта на Путин е на балканските земји да се изврши така силен притисок да тие или ќе се откажат од членството во Европската унија или како членки на ЕУ ќе спроведуваат изразено проруска политика“, се цитира во документот членот на Европскиот Парламент и политичар од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Елмар Брок.

Русија, како што понатаму се наведува, преку се позастапената воена соработка и создавањето зависност од рускиот плин, се обидува Србија и Република Српска да ги направи зависни, а преку Република Српска инсистира да влијае врз цела Босна и Херцеговина.

Германската канцеларка Ангела Меркел зборувајќи за притисокот на Москва врз Србија и Босна и Херцеговина, во понеделникот изјави дека е недозволиво ЕУ да мора да ја праша Русија за дозвола дали смее да прими некоја земја во свое членство.

– Инаку ќе мораме да кажеме: ние сме преслаби. Ние веќе не можеме никого да примиме, мораме прво да ја прашаме Москва дали е тоа воопшто можно. Тоа така било 40 години и на таа состојба ние всушност не сакаме да се враќаме, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски