Еден падобранец загина, а уште еден е тешко повреден во падобранска несреќа којашто се случи кај аеродромот Сибсон во англискиот град Питерборо.
Двајцата падобранци се судриле на височина од 15 метри од земјата. Падобранецот кој почина на лице место е педесетгодишен, а неговиот дваесетгодишен колега е со тешки повреди на грбот и потколеницата со авион е префрлен во болница во Кембриџ.
Медицинскиот екипаж соопшти дека состојбата на момчето била стабилна кога стигнал во болница.