Тојота ја претстави сериската изведба на лимузината со погон на водород. Моделот Мираи во продажба во Јапонија се очекува во април, додека во Европа и САД кон средината на 2015 година.
Името на моделот Мираи, на јапонски значи „иднина“.
Дизајнот на Мираи не се разликува многу од прототипот ФЦВ, што беше претставен во јуни 2014 година. Станува збор за компактен седан автомобил, што од класичните лимузински модели на Тојота се разликува по необичниот дизајн.
Цената на новата Тојота Мираи се очекува да изнесува околу 50.000 евра.
Тојота очекува солидна продажба бидејаќи Мираи е возило со нула емисија на штетни гасови, бидејќи при согорување на водород се добива водена пареа, поради што во голем број пазари во светот цената ќе биде намалена благодарение на државните субвенции.
Мираи со еден резервоар ќе има автономија на движење од 480 километри, што е солидно движење за возило со нула емисија на штетни гасови. Голем плус во однос на електричните возила е што за полнење на резервоарот ќе бидат потребни помалку од пет минути.
Единствен проблем ќе претставува инфраструктурата на станици за полнење со водорот. Тојота планира во соработка со држави и приватни компании да инвестира во изградба на вакви станици.