„Шпигел“: Балканската стратегија на Путин го алармира Берлин

Од:

Стратегијата на рускиот претседател Владимир Путин на Балканот ја алармира владата во Берлин, објави Шпигел наведувајќи дека Владата на Меркел е алармирана поради руската „агресивна, антизападна политика на Балканот“.

– Владата во Москва се обидува потесно да ја придобие Србија преку воена соработка и испорака на гас, се вели во доверлив документ за влијанието на Русија во Србија.

– Гас за Србија, притисок врз Босна и Херцеговина – владата во Берлин е загрижена поради руската политика на моќ на Балканот.

Претседателот Путин се обидува очигледно државата да ја оддалечи од Европската унија, објавува политичкиот магазин повикувајќи се на доверливиот документ од германското МНР.

– Целта на Путин е со тоа балканските држави да може ги стави под притисок тие, или да се дистанцираат од членство во ЕУ или како членови – проруски да влијаат врз одлуки во ЕУ, вели Елмар Брок, политичар за европски прашања во Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Русија и во Босна слично дејствува, смета владата во Берлин, наведува Шпигел.

– Се стекнува впечаток дека Русија се обидува преку Српска да добие влијание врз цела Босна и Херцеговина, вели Кристијан Шмит, министер за земјоделие кој неодамна беше во посета на Белград.

Тоа според него, отежнува и патот на Србија кон ЕУ, пишува магазинот и додава дека државниот министер во МНР во Берлин, Михаел Рот смета дека Берлин мора одново на државите на Балканот да им разјасни дека членство во ЕУ е во интерес на тие држави.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани