Пет годишните Сара и Сања живеат во две собички на скопско Кале на ул.Јоаким Крчовски.
Кристина Димитровска има 38 години и е самохрана мајка. И самата вели незнам како преживуваме со социјална помош од 4.160 денари. Особено е тешко во студените зими кога треба да се мие и пере надвор бидејќки во куќата која што е наследство од нејзините родители нема вода.
Кристина вели, два до три кубика дрва, ќе не заграт оваа зима.
Срцата на Сара и Сања денеска ги загреаја децата од центарската градинка Кочо Рацин и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.
Тие денеска на својот роденден добија торта и балони, барбики и облека, новогодишни играчки, многу чоколади, ранчиња и облека и парична помош.
Таткото не ги признава децата и Кристина ги прави сите напори за да имаат нормално детство. Тие бесплатно ќе ја посетуваат градинката Кочо Рацин за да бидат со своите врсници, да учат и да се забавуваат.
Градоначалникот Андреј Жерновски вети дека ќе се обезбеди и социјална помош во рамките на општината, како и толку потребиот огрев пред почетокот на зимата.
Со ова продолжува реализацијата на хуманитарниот проект „Од дете за дете“.
Децата од најмала возраст се учат на хуманост и солидарност, да научат да помагаат и да разберат колку е важно пријателството и помошта на оние кои што им е најпотребна.