Отпуштени 200.000 работници во Србија од 2009 година досега

Од:

Во малите и средни претпријатија во Србија од 2009 година досега е намален бројот на вработени за речиси 200.000, од 582.409 на денешните 385.934, објави Блиц.

Координаторот на Форумот за мали и средни претпријатија, Александар Грачанац вели за весникот дека причините се намалена побарувачка, вложувањата, порастот на трошоците на вложување, хронична неликвидност, пораст на сивата економија како и порастот на парафискалните трошоци.

– Здравата претприемачка политика почна да се губи и се поголем е бројот на фирми што згаснуваат. Србија во 2009 година имала 266.242 микро, мали и средни фирми додека денес се регистрирани 217.000, објаснува Грачанац.

Тој потсетува дека според показатели на ЕУ, Србија е во групата на држави кои се умерени иноватори со перфоманси под просек, а по показатели на квалитет на претприемништво, освен БиХ, е најслаба во регионот.

Тој додава дека и измените во Законот за ДДВ дополнително придонеле за затворање на малите фирми бидејќи ДДВ се плаќа по фактурирањето.

– И Законот за рокови за плаќање за жал е мртов бидејќи меѓу најголемите должници беше државата. Неликвидноста продолжува, а голем број мали и средни фирми буквално банкротираа поради неможноста да се изборат со неликвидноста, потенцира Грачанац.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград