Британските медиуми пренесуваат дека е потврдено присуство на вирусот на птичји грип, на една фарма за патки во Јоркшир и дека Одделот за животна средина, храна и земјоделски работи ДЕФРА навел дека постои сосема мал ризик луѓето да заболат од вирусот.
-Ги презедовме сите итни мерки, поставена е рестриктивна зона во круг од десет километри од фармата за да се спречи ширење на инфекцијата, наведе ДЕФРА.
Иако обликот на грипот се уште не е утврден, официјални лица инсистираат на тоа дека не станува збор за смртоносниот облик на вирусот Х5 Н1.
-Постојат повеќе облици на птичји грип, повеќето од нив се безопасни за луѓето, меѓутоа Х5Н1 и Х7Н9 изминативе години предизвикаа доста проблеми. Вирусите од типот Х7Н7 и Х9Н2 можат да се пренесат на луѓе но за тоа постои мала веројатност – истакнуваат од ДЕФРА.
Холандските власти во недела соопштија дека на една фарма во централниот дел од државата откриле „високо патоген“ вид на птичји грип.
Е. Г.