Во рамки на одбележувањето на 13 ноември – Ден на ослободување на Скопје, денеска се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје.
Трката, која се одржува по петти пат по нејзиното возобновување, ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
На трката настапија повеќе од 200 учесници.. Се одржаа трки во машка и женска конкуренција, како и мини трка за учесниците од средните училишта на Град Скопје на која настапија повеќе од 400 учесници.
Ноќната атлетска трка низ улиците на Скопје е финансиски поддржана од Градот Скопје, а организирана е од страна на Атлетската федерација на Македонија.