Николиќ во центарот на Белград го откри споменикот на рускиот цар Николај Втори

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ го откри денеска споменикот на рускиот цар Николај Романов во центарот на Белград, при што изјави дека со тоа српскиот главен град добил уште еден, нов симбол на старото пријателство, јави Танјуг.

– Тој споменик блеска во срцето на Белград, прославувајќи го царот маченик Николај Втори како симбол на вечната победа на доброто и правдата, на лидерските и човечките жртви за вредности поголеми од човекот и царот, поголеми од животот, истакна Николиќ, додавајќи дека споменикот „ќе блеска засекогаш“.

Тој истакна дека на таа локација полесно „ќе ги оценуваме пријателствата во својот жиот, учејќи од примерот на искрената посветеност на последниот руски цар на Србија“.

– Како една рака да ги пишувала страниците на историјата на Србија и Русија. Без оглед на времето и местото, без оглед на формата на општствено уредување, на тоа кој е на власт и како таа власт се нарекува, борбата за слобода, често пати за гол жиот и библиското срадање во тоа заеднички се кариките во светиот ланец на траењето на српскиот и рускиот народ, на Србија и на Русија, рече Николиќ.

Според него една од трагичните карики е судбината на царот николај Втори и на неговото семејство.

– Царот Николај Втори Романов е убиен ритуално, убивано е христијанството и поддршката на словенското. Ипатиевиот дом стана место на страдање и голгота, а убиството на царското семејство е симбол за страдањето на другите, порача Николиќ, потсетувајќи дека по стореното злосторство, братоубиствената војна во Русија уште повеќе се распламтила и дека уште тогаш царот Николај Втори за српскиот народ бил светец.

Николиќ потсети дека споменикот од бронза е дело на најпознатите руски скулптори Андреј Ковачук и Генадиј Правотворов, како и на белградскиот архитект Јанко Крстиќ, кој го проектираше амбиентот во кој е поставен споменикот.

Осумметарскиот споменик беше осветен од патријарсите на Русија и на цела Москва Кирил и на Српската православна црква Иринеј.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград