Путин, Меркел и Јункер за ситуацијата во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за ситуацијата во Украина со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, по програмата на самитот на Г-20, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Путин, како што рече Песков, ги појаснил деталите на рускиот пристап на ситуацијата, пренесе ТАСС.

Разговорите биле долги и сеопфатни, а ги допреле и билатералните односи меѓу Москва и Берлин, и Москва и Брисел.

Самитот на Г-20 почна вчера во австралискиот град Бризбејн, а кризата во Украина како една од темите, фрли сенка на разговорите чиј фокус е да се поттикне глобалниот економски развој.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион