Покрај судската одлука за забрана на штрајкот, лекарите денеска ќе ја искористат получасовната пауза од 11:30 до 12:00 часот да излезат на штрајк.
Нивното барање е зголемување на платите и стопирање на плаќањето по учинок. Министерот Тодоров, прифати лекарите да протестираат за време на паузата бидејќи немало да се загрози здравјето на пациентите, а здравствените установи ќе работат без прекин.
Од утре одново ќе продолжат преговорите. Синдикатот бара 100 отсто покачување на платите, додека министерот нуди само пет отсто.