Ирачката војска ја ослободи денеска од џихадистите најголемата нафтена рафинерија во Ирак, која се наоѓа во градот Бајџи, на околу 200 километри северно од Багдад.
Рафинеријата во Бајџи неколку месеци беше под опсада на џихадистите од екстремистичката групација Исламска држава.
Исламистите ја зазедоа рафинеријата во јуни во операциите со кои напредуваа во северен ирак. ИД исто така контролира голем дел од северна Сирија.
– Ирачките војници стигнаа до влезот на рафинеријата. Рафинеријата е целосно ослободена, изјави гувернерот на провинцијата, Салах Салах ал Дин.
Ирачките медиуми јавија дека борците од ИД се повлекле од околината на рафинеријата.
Околу 200 илјади луѓе живеат во градот, а рафинеријата обезбедува околу една четвртина од производството на нафта во Ирак.