Протест против антиисламскиот филм во Атина

Од:

Шест лица беа приведени за време на демонстрациите против антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“, кои се одржаа синоќа во Атина.

Околу 600 муслимани учествуваа во протестниот митинг, организиран на централниот атински плоштад Омонија. Тие извикуваа зборови исполнети со омраза, но во целина протестот беше мирен, јавуваат грчките медиуми.

По митингот толпата сакаше да се упати кон американската Абмасада, која се наоѓа на околу три километри од полоштадот. Некои од учесниците неколку пати се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон, но беа спречени од силите за зачувување на редот. На крајот на протестот избувна насилство, кога мала група демонстранти почнаа да фрлаат со камења кон полицијата, која употреби солзавец. Три автомобили беа оштетени, а искршени беа и неколку излози.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната