Научниците со нови сознанија за потеклото на неутрините

Од:

Научниците во центарот на Млечниот пат откриле џиновска црна дупка за која се претпоставува дека произведува мистериозни честички, познати како неутрини, објави лондонски „Дејли Мејл“.

Весникот наведува дека ако оваа претпоставка се покаже како точна, тогаш тоа ќе биде прв досега откриени извор на неутрини.

Научниците велат дека ваквото откритие би помогнало во објаснување за тоа како настанува космичкото зрачење и како да се реши клучната мистерија за функционирањето на Универзумот.

Новооткриената црна дупка ја регистрирале три сателити на американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) – „Чандра Екс-реј Опсерватори“, „Свифт“ и „Нустар“.

– Ако откриеме од каде потекнуваат овие неутрини ќе го решиме еден од најголемите проблеми на современата астрофизика, изјави професорот Јанг Бај од Универзитетот во Висконсин.

Бај истакнува дека научниците сега добиле први докази дека астрономските извори, како што се црните дупки, „можеби произведуваат високоенергетски неутрини“.

Неутринот е ситна честичка која не е носител на никаков електрицитет и ретко влегува во интеракција со електроните и протоните. За разлика од наелектризраните честички, неутрините може слободно да патуваат низ Вселаната, а при тоа да не бидат апсорбирани од матријата на која наидуваат.

Земјата е под постојан „дожд“ на неутрини кои доаѓаат од Сонцето, но и од подрачја надвор од Сончевиот систем и кои мосжат да носат значитено поголемо количество на енергија.
Бидејќи неутрините лесно минуваат низ материјата, многу е тешко да се изработат детектори, кои би можеле да откријата од каде тие доаѓаат. Но сепак, опсерваторијата „Ајс Кјуб Неутрино“, која се наоѓа на Јужниот пол, од 2010 година, па досега, успеала да детектира 36 неутрини.

Сознанијата до кои дошла оваа опсерваторијата, заедно со новите податоци од трите сателити, би можеле да дадат одговор за потеклото на високенергетските неутрини.

Научниците сметаат дека неутрините настануваат при најмоќните настани во Вселената, како што е спојувањето на галаксии, паѓање на материја во голема црна дупка или појава на ветрови околу ротирачките ѕвезди – пулсари.

Една од претпоставките е дека кога ќе дојдат во близина на црна дупка, честичките добиваат забрзување до таа мера што се распаѓаат на уште поситни делови, односно на неутини.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска