Употребата на антибиотици во Македонија зголемена за десет проценти

Од:

Македонија е една од земјите во Европа и во регионот, каде најмногу се користат антибиотици. Употребата на антибиотици во првата половина од годината е зголемена за 10 проценти, говорат податоците на Фондот за здравствено осигурување. Експертите апелираат до граѓаните да не употребуваат антибиотици на своја рака бидејќи резистетноста на бактериите е се поголема.

– Резистенција всушност значи отпорност на бактериите кон антибиотиците. Доколку дозволиме отпорноста на бактериите да достигне толку високо ниво ќе дојдеме во ситуација да не можеме да се лекуваме ниту за вообичаените инфекции и вируси, вели примариус д-р Голубинка Бошевска, национален координатор за антимикробна резистенција, на денешното одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици.

За првата половина од оваа година, како што истакна Христина Христова, директор на Секторот фармација во ФЗОМ, загрижува фактот дека имаме пораст на потрошувачката на антибиотици од 10 проценти во бројот на рецепти.

– Не е подеднакво користењето на антибиотиците на целата територија на Република Македонија. Има градови како што се Пробиштип и Куманово, каде што најмногу статистички се трошат антибиотици односно 1.400 рецепти на 1.000 осигурани лица годишно. Во Крушево најмалку се трошат антибиотици со околу 500 рецепти годишно на илјада осигуреници, изјави Христова.

Во Македонија има 20 проценти повеќе потрошувачка на антибиотици споредено со Словенија, само за фондовските лекови.

– Ако на ова ги додадеме лековите што се приватно купени и потрошувачката на антибиотици во болниците, нашите проценки се дека во Република Македонија се трошат до 35 единици дневни дози антибиотици на ден, со што може да се каже дека Република Македонија се вбројува во земјите кои најмногу трошат антибиотци во Европа и во регионот, изјави Христова.

Проф. д-р Никола Пановски, претседател на мултисекторската комисија посочи дека, глобално, отпорноста на антибиотици е поголема таму каде што антибиотиците се давале неконтролирано, како бонбони без контрола, како што било во Македонија во деведесетите години.

– Врвот на резистентните земји се наоѓа во Португалија, до Турција и сите балкански земји, вели проф. д-р Пановски.

Што се однесува до Македонија има бактерии кои се резистентни на антибиотици, а најмногу резистентни бактерии, според Пановски е Грција. Предупредува дека има бактерии кои не се лекуваат поради тоа што се резистентни на антибиотици.

Проф. Херман Гусенс, претседател на Советодавниот комитет на Европскиот комитет на контрола на болести изјави дека еден од проблемите е дека навидум нема нов антибиотик и оти е потребно најмалку пет до десет години да се развие нов антибиотик и дека чини милијарди евра да се развие нов лек. Затоа многу компании не развиваат нови компоненти бидејќи тие се многу скапи, бактериите стануваат се порезистентни, а антибиотиците се многу евтини во споредба со многу други лекови.

– Ова е еден голем проблем што го имаме. Бидејќи нема најавено нов антибиотик мораме да направиме се за да ја контролираме резистентноста на антибиотиците со контролирање на нивната контрола и со контролирање на инфекциите, изјави Гусен.

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици во Скопје се одржува тридневната Меѓународна работилница во рамки на проект на Европската комисија во насока на детекција на бактериите со голема резистенција и отпорност. Гости се 68 лекари од БиХ, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија и Бугарија.

Предавања се одржани во седум регионални центри. Преку 400 здравстени работници поминаа процес на едукација за правилно препишување на антибиотици и за тоа каква е резистенцијата во Република Македонија и каква е потрошувачката на антибиотици. Поделени се флаери и апелирано е меѓу населението да не се употребуваат антибиотици на своја рака.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски