Хрватска ја очекува недостиг на брашно

Од:

Хрватска оваа година очекува род на пченицата од околу 300.000 тони, а потребите изнесуваат меѓу 500 и 550 илјади тони, така што се очекува недостиг на брашно, предупредуваат од здружението „Барањска бразда“.

Претседателот на здружението Петар Прањиќ изјави дека се посеани само околу 70.000 хектари, а во најдобрите години се сееле и до 200.000 хектари.

– Ваква година нема да донесе резултати, бидејќи поминаа оптималните рокови, а се што е посеано по нив носи послаб род и помали приноси, истакна Прањиќ, додавајќи дека следната година ќе има доволно брашно само за кифли, но не и за леб.

Според него, на оваа ситуација се радуваат само трговските шпекуланти кои на вештачки начин ќе го прикријат недостигот на домашна храна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски