Кривични за полицијаците за неодземање на оружјето на Т.С. од Кавадарци

Од:

Двајца полициски службеници-инспектори од Кавадарци Д.Т. и Д.К. ќе добијат кривични пријави за „несовесно работење“ од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, кој утврдил низа пропусти и постапување против Законот за внатрешни работи.

– Спроведовме контрола и утврдивме пропусти кај двајца полициски службеници за што направивме консултација со јавен обвинител и по однос на нивните пропусти ќе одиме со соодветни пријави во текот на денешинот ден, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по одбележувањето на светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.

Полициските службеници ги прекршиле процедурите со тоа што не го одзеле оружјето и дозволата за оружје од Т.С., осомничен за трикратното убиство во Кавадарци, кога против него во август и во ноември годинава имало пријави за кривични дела „нанесување телсна повреда“ и „одземање малолетно лице“.

– Констатирано е дека двајцата полициски службеници спротивно на нормативите не постапиле во два случаја, односно следствено прописите не повеле постапка за одземање на оружјето и дозволата за негово поседување, иако за тоа имале законски основ, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, на 27 август 2014, Д.Т. поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци за кривично дело „нанесување телесна повреда“, при што биле исполнети условите за одземање на пиштолот кој го поседувал Т.С. со дозвола, врз основа на инструктивна телегрма од директорот на Бирото за јавна безбедност.

– Во телеграмата е појаснето дека при поднесување кривични пријави против лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело за кое се гони по службена должност и поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоци со елементи на насилство, од страна на полицискиот службеник кој работи на случајот задолжително да се провери во евиденциите дали лицето поседува дозвола за оружје односно дозвола за носење на оружје и тие заедно со оружјето и муницијата привремено да се одземат и за тоа да биде известен судот, појаснува МВР.

И во вториот случај од 10 ноември 2014, полицискиот инспектор Д.К. кога ја подготвувал пријавата против Т.С. за „одезмање малолетно лоце“, исто така не постапил согласно телеграмата, иако биле исполенти условите за одземање на пиштолот што го поседувал Т.С.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он