Лица во инвалидска количка не можат да стигнат од другата страна на Вардар ако сакаат тоа да го сторат преку Кемен Мост.
Реконструкцијата на плоштадот каде треба да никне нова подземна фонтана оневозможува лица со инвалидитет да стигнат до плоштадот Карпошово востание.
Заштитните тараби кои се поставени на местото каде се извршуваат градежни работи се до скалите на кејот на реката Вардар.
Инвеститор на новата фонтана е Град Скопје. Властите не овозможиле непречено движење на инвалидизираните лица.
Уставот гарантира непречено и слободно движење на сите лица вклучувајќи ги тука и лицата со телесен инвалидитет.
Вчера министерот за труд и социјална политика најави дека фирмите кои имаат над 35 вработени ќе имаат обврска да вработат лице со инвaлидитет.
Оние фирми со над 1000 вработени ќе имат обрска да вработат 20 лица со инвалидитет.
Додека Владата најавува законски решенија со кои се подобрува општествениот статус на лицата со инвалидитет, институциите сеуште немаат чувство и не го почитуваат правото на слободно движење на овие лица.