Општина Центар – Општина по мерка на граѓаните

Од:

Општина Центар го започнува проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој партнерски го спроведуваат општината и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

На 17 ноември 2014 (понеделник), со почеток во 10 часот,ќе биде свечено отворен Центарот на заедницата на општина Центар кој се наоѓа на Ул. „Михаил Цоков“ бб во општина Центар.

Преку Центарот на заедницата ќе биде обезбедена административна помош за граѓаните, неформално образование за младите и возрасните и поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи. На отворањето свое обраќање ќе имаат Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, и Извршниот директор на Фондација Отворено општество – Македонија, Владимир Милчин.

На 17 и 18 ноември 2014 (понеделник и вторник) во Салата на Советот во општина Центар и во хотелот Сити Парк, ќе се одржат јавни расправипо Нацрт-локалните стратегии за социјална заштита, соработка со граѓанските организации, образование и за млади на општина Центар. На расправите ќе бидат презентирани Нацрт-локалните стратегии, процесот на нивната изработка, визиите и стратешките приоритети како и мерките за нивно постигнување.

Целта на овие јавни расправи е да се поттикне отворена дискусија и да се овозможи учество на граѓаните и сите заинтересирани страни во процесот на креирање на локалните стратегии на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории