Ако резултатот од референдумот на 30 декември на кој Швајцарците ќе одлучуваат за судбината на своите златни резерви, ќе биде позитивен, може да предизвика нови главоболки кај хрватските граѓани задолжени во швајцарски франци. Изјаснувањето на граѓаните за враќање на златниот стандард го покрена Швајцарската народна партија, која во 2009 година успешно спроведе референдум од кој се очекува да биде темел на швајцарскиот финансиски систем.
На референдумот Швајцарците ќе се изјаснуваат за барањата за забрана на продажба на златните резерви во посед на Швајцарската централна банка, држење најмалку 20 отсто резерви во централната банка во облик на злато и чување на сите златни резерви во Швајцарија, а не во странство.
Аналитичарите на Адмирал Маркет специјализирани за валутни пазари, истакнуваат дека до референдум доведе последната финансиска криза која ја разниша довербата во хартиените пари и во распродажбата на швајцарското национално злато во последните 15 години.
Имено, Швајцарија во 1999 година во посед имала 2.600 тони злато, од кои до денес продала повеќе од половина и сега поседува само 1.040 тони. Од преостанатите резерви злато, според службениот извештај од Централната банка, приближно 20 отсто се чуваат во Лондон, а 10 отсто во Канада.
Распродажбата на златото доведе до намалување на процентот на покриеноста со злато на швајцарската валута. Имено, во 1999 година швајцарскиот франк имал покритие во вредност во злато од 30 отсто, а сега златното покритие падна на само 8 отсто.
Според последните анкети, 38 отсто гласачи ја поддржуваат иницијативата за спас на златото, 47 отсто се против, а останатите се неодлучни. Во претходната анкета 45 отсто гласачи ја поддржуваа иницијативата, а 38 беа против, што покажува промена на расположението кај гласачите, со приближувањето на денот на референдумот.
Во случај на позитивен резултат од референдумот, би дошло до голем потрес на светскиот пазар на злато, а би ексалирала и опасноста од неконтролиран раст на курсот на швајцарскиот франк. Поради тоа швајцарската влада и Централната банка се исклучително против на враќање на златниот стандард.
Фиксната обврска за јакнење на златните резерви би ја нарушила независноста на Централната банка и значително би го намалила маневарскиот простор за спречување на растот на курсот на швајцарската валута.
За исполнување на тие обврски Швајцарија треба да потроши повеќе од половина од своите девизни резерви. Купувањето на над 1.500 тони злато ќе се одрази на цената на златото, која многу ќе порасне.
Од друга страна, императивот за покачувањето на златните резерви на 20 отсто ќе ја загрози политиката на штедење на банките во спречување на јакнење на франкот. Имено, Централната банка повеќе не би можела неограничено да емитува франци за да го одржи курсот, бидејќи со тие операции директно ќе го загрози златниот стандард. Поради тоа ова ограничување многу брзо би довело до пукање на границата од 1,2 франци за евро, која швајцарската бака упорно ја брани веќе неколку години.
Поставената граница тешко се брани и без можен дополнителен резултат кој ќе го донесе референдумот. Имено, нултата стапка на инфлација во Швајцарија и се поекспанзивната монетарна политика на ЕЦБ, со која се спушта вредноста на еврото, сериозно го притискаат франкот кон горе.
Во такви услови франкот во понеделникот достигна ниво од 1,2024 за евро што е најниско ниво од септември 2012 година. Јакнењето на франкот е видливо и на курсот на ХНБ на кој средниот курс се искачи на 6,37 куни за франк.
Т-Портал – Загреб