Александар Гротхендик кој беше сметан за еден од најголемите математичари на 20-от век, почина вчера во болницата Сант Жирон во Ариеж во Франција на возраст од 86 години, јави дописникот на МИА од Париз.
Роден на 28 март 1928 година во Берлин, во атипично семејство, неговиот татко Саша Шапиро е Русин со еврејска вероисповед, фотограф и анархист. Неговата мајка Ханка Гротхендик била новинарка. Во 1933 двајцата го напуштаат Берлин за Париз, од каде меѓу 1934 и 1939 се нагажирани во Народниот фронт во Шпанија, додека малиот Александар е оставен во Германија на пријател на семејството.
На крајот од Шпанската граѓанска војна во 1939 година, Александар ги наоѓа своите родители на југот од Франција. Неговиот татко во 1942 е одведен во Аушвиц, каде умира. Тој и неговата мајка се исто така протерани во Франција.
Во својата монументална автобиографија насловена „Берби и сеедиби“, објавена во само 200 примероци, но која може да се најде и на Интернет, тој напиша:
„За време на војната, бевме странци и „непожелни“, како што велеа. Но управата на логорот ги затвораше очите за децата, без разлика колку тие беа непожелни. Излегувавме и влегувавме во логорот како што сакавме. Јас бев најстар, и единствен кој одеше во гимназија, на четири до пет километри од логорот, без разлика дали вееше снег, со искинати чевли кои пуштаа вода“.
Во 1944 година полага матура и неговите професори се уште не го имаа откриено математичкиот гениј во него. Тој се запишува на универзитетот во Монпеље, и како докторант им е препорачан на математичарите Лоран Шварц и Жан Диодоне.
Двајцата големи математичари, придонесуваат за митот кој ќе биде исплетен за Александар Гротхендик, тие му доверуваат една листа од четиринаесет математички проблеми, кои тие ги сметаат како широка програма за работа за идните години и бараат од него да избере еден проблем на кој ќе работи. Неколку месеци подоцна, Александар Гротхендик се враќа кај своите професори со решенија за сите четиринаесет проблеми.
Во првиот перод од неговата работа во математиката, се концентрира на функционалната анлаиза, односно проучување на функциите. Неговиот труд е вистинска револуција за оваа област, но се помалку познати од тие кои ќе ги води во вториот дел од својата кариера.
Младиот математичар во 1953 треба да добие место на катедрата како професор, но како апартид не може да ја добие таа функција, како противник на служењето воен рок, тој не може да добие француско државјанство, кое ќе го добие дури во 1971 година. Тој заминува да работи во Сао Паоло, а потоа во САД.
Две години потоа се враќа во Франција, каде еден богат индустријалец Леон Мотчан, фасциниран од 27 годишниот математичар, одлучува да ја финансира неговата научна дејсност создавајќи посебен институт – Институтот за високи научни студии во Бур сур Ивет.
Се до 1970 година, опкружен со бројни таленти од целиот свет, тој раководи со семинарот за алгебарска геометрија, кој ќе биде објавен во форма на десетина илјади страници. Неговата нова визија за геометријата, инспириран од неговата страст за поимот простор го промени начинот на кој се работи во математиката.
„Идеите на Александар Гротхендик може да се рече дека навлегоа во несцесноста на математичарите“ – вели за париски „Ле Монд“ Пјер Делињ од Институтот за напреднати студии во Принстон, кој е еден од најпознатите негови ученици, награде во 1978 година со медалјата Фиелд и нагарадата Абел во 2013.
Поимите кој тој ги воведе или разви денес се уште се во срцето алгебарската геометрија и се предмет на интензивни испитувања. Според Делињ, начинот на размислувањето на Александар Гротхендик бил уникатен.
На Александар Гротхендик во 1966 година му е доделена наградата Фиелдс, еквивалентна на Нобелова награда за математика, но одбива да ја прими во Москва поради политички причини.
Од крајот на шеесетите години тој се оддалечува од научната заедница. Во 1970 година ја создава групата „Да се преживее и живее“ со двата други математичари Клод Шевеле и Пјер самуел, пацифист, екологист и длабоко погоден од хипи-движењето. Во исто време открива дека Инститот во кој работи е финансиран од министерството за одбрана на Франција и веднаш го напушта.
Во Колеџот на Франција добива времена катедра, која ја користи како политичлка трибина, но набрзо ја напушта за професорското место на Универзитетот во Монтпелје. Во 1988 година кога заминува во пензија, ја добива наградата Крафорд, дотиранс со голема парична награда, но исто така ја одбива. Во 1990 целосно се повлекува. Скаран со своите најблиски, семејството и научната заедница се преселува во едно мало село, чие име го крие, сскаран исто така со своите соседи, останува одцепен од светот до крајот на својот живот.
На својот универзитет во Монтпелје му има доверено околу 20 000 страници од своите трудови, кои не се објавени и кои засега никој не се има осмелено да ги отвори.