Амбасада на САД: Изјавата на Вулин неоснована теорија на завера

Од:

Изјавата на српскиот министер за труд Александар Вулин, дека САД „кои го контролираат Хашкиот трибунал“, го пуштиле од затвор лидерот на радикалите Воислав Шешељ и оти „сега преку него зборуваат дека ќе ја уриваат српската влада“, во американската амбасада во Белград го толкуваат како „неоснована теорија на завера“, пишува весникот „Данас“.

– Во тоа апсолутно нема вистина. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија е основан под покровителство на СБ на ОН, а процесите кои во него се водат се заштитени од политичко влијание, се истакнува во соопштението на амбасадата на САД.

Како што се наведува, САД ја поддржуваат важната работа на Хашкиот суд, но не влијаат на неговите одлуки или мислење.

– Секое поинакво толкување е невистинито, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград