Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8-Безистен, Стара скопска чаршија во вечер ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов.
На изложбата ќе бидат претставен дела на тема „Мотиви од Бока Которска“ кои за првпат беа изложени на неговото самостојно претставување во Градската галерија „Котор“ во јули месец оваа година.
Учесник е на повеќе од 100 групни претставувања и добитник е на 12 награди од областа на ликовната уметност во земјава и странство. Од 2002 до 2006 година зема учество на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив, Бугарија.
Ова е негово 59 самостојно претставување.