ВИДЕО: МВР ги откри сим картичките и во кутија од маргарин

Од:

Полицијата потврди дека однапред имала сознанија за местење на првите три позиции на Скопскиот фестивал за кои се предвидени 45 илјади евра како награда од Министерството за култура. Полицијата заплени 2500 сим картички, а според видеото дел од нив беа пронајдени во фрижидер сместени во кутија од маргарин.

Четворицата осомнилени, од кои едниот е во странство, имале набавено и телефони за да можат додека се гласа да испратат смс пораки кои би влијаеле при изборот на првите три места. Крајаната цел била поделба на фондот наменет за награда со вкупен износ од 45 илјади евра.

Учесниците во оваа местенка имаат од 26 до 56 години и сите се од Скопје а меѓу нив е сопственик на продукциска куќа, автор, композитор на песни како и сопственик и управител на друштвото кое го организираше телефонското гласање.

Освен досегашните четворица осомничени постојат сознанија дека се вклучени и други лица, ангажирани од фирмата задолжена за спроведување на телефонското гласање. Тие, во договор со лица вработени во мобилни телефонски оператори, купиле голема количина телефони и сим картички со измислени адреси.

Сите беа на полициски распит, и се бранеле со молчење, а по испрашувањето се пуштени. Организаторите за местењето на наградите и пласманот претходно се договарале со учесниците-изведувачи, кои најчесто се однесувале за давање на услуги по однос на аранжмани за песни или спотови кои требало да бидат изработени од страна на продукциските куќи.

Манипулацијата е направена со испраќање на СМС пораки од страна на поголема група на лица на кои претходно им биле поделени СИМ-картичките. Истите биле лоцирани на две локации и во текот на гласањето гласале по однапред дадени инструкции (3х2х1 – три гласа давале за договорениот изведувач за прво место, два гласа давале за договорениот изведувач за второ место и еден глас давале за договорениот изведувач за трето место и така гласале од добиените телефонски апарати и СИМ-картички).

Од лице ангажирано од фирмата која го спроведувала телефонското гласање и обработка на пристигнатите СМС пораки од гласањето, добивале информации за текот на резултатите од гласањето, односно инструкции на кој од договорените изведувачи му требаат гласови, па истите да знаат како односно за кој изведувач да гласаат.

Веднаш по завршување на фестивалот, при претрес на две локации во Скопје биле затекнати 14 лица, голем број телефонски апарати и околу 2500 СИМ картички од кои координирано се вршело испракање на СМС пораки по однапред дадени инструкции со цел да се влијае на конечниот распоред за првите три места.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он