Скоро 90-годишни борци денеска половина час ги чекаа претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, да пристигнат на централната манифестација на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје.
Пред Споменикот на ослободителите на Скопје, кој што се наоѓа веднаш до Владата на Република Македонија, чекаа министри, градоначалници, амбасадори и почитувачи на делото на великаните од НОБ.
Дел од борците кои што чекаа, коментираа дека треба поголемо почитување на празникот, за кој што велат, е светилник во историјата на градот.
Фото: МИА