Во Гостиварско годинава 476 лица без возачка дозвола исклучени од сообраќај

Од:

Од почетокот на годинава, на поширокото гостиварско подрачје, биле откриени и исклучени од сообраќај 476 лица кои управувале возило без положен возачки испит, односно без валидна дозвола. За неодговорност во сообраќајот, биле исклучени и 43 што биле под дејство на алкохол, а 29 возачи-почетници, информираат од СВР Тетово.

– Евидентно е дека и годинава продолжува несовесното и неодговорно однесување на голем број учесници во сообраќајот, пред сé на возачи кои заради таквиот однос се исклучени од сообраќај. Според евиденцијата, најбројни се оние кои управувале без положен возачки испит, а меѓу нив се среќаваат „повторници”, главно млади на возраст од 17 до 25 години, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

При контролите на полициските службеници, во изминатите десет месеци од годинава, низ Гостиварско биле исклучени 698 возачи и 469 возила, од кои 366 возила за истечена регистрација и 103 за техничка неисправност.

СВР Тетово апелира до граѓаните и особено до младите да не седнуваат зад волан без соодветна дозвола и да не конзумираат алкохолни пијалаци. За таквото однесување се соочуваат со глоба од 400 евра, плус 300 евра за сопственикот на возилото, доколку тој му го дал на друго лице без дозвола. Додека за недисциплинираните возачи-почетници глобата изнесува 400 евра во денарска противвредност. 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево