Во Велес се одржа Поетски карван на ДПМ

Од:

Во организација на Градската библиотека „Гоце Делчев“, Гимназијата „Кочо Рацин“, а со поддршка на Општина Велес синоќа во салата „Бели мугри“ во Велес се одржа Поетски караван на Друштвото на писатели на Македонија.

На Поетскиот караван пред бројната публика свои стихови читаа 19  еминентни македонски писатели меѓу кои: Раде Силјан, Гордана Михајлова Бошнаковска, Ристо Јачев, Глигор Стојковски, Кристина Николовска, Веле Смилевски, Бранко Цветкоски, Благој Самоников, Павлина Климкар Меанџиева и други.

Како што појасни Велес Смилевски претседател на ДПМ, целта на карванот е преку стихови приближување на поезијата до публиката.

– Онака како што умеат поетите со свои стихови  да ја дисперзираме и приближиме културата до публиката во внатрешноста во земјава, потенцира Смилевски.

Тој информира дека карванот е дел од проектот на ДПМ за  „Дисперзија на културните вредности низ татковината“, а во Велес се совпадна со манифестацијата на Општина Велес за одбележување 75 години од  издавањето на Рациновата стихозбирка „Бели Мугри“.

За Игор Крајчев писател и директор на велешката Градска библиотека, овој поетски карван на ДПМ е на ист ранг на поетските митинзи кои ги има на Рациновите средби во Велес.

Инаку, Поетскиот карван на ДПМ веќе гостуваше во Гевгелија, Кавадарци, Куманово, а по Велес  ќе ги посети и останатите градови во земјава.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска