Претставници на 11 здруженија на жртви од војната во БиХ денеска изразија огорченост поради привремената слобода на Воислав Шешељ од Хаг.
-Нема правда, злосторниците се на слобода. Никој не се грижи за жртвите, само за злосторниците. Со слободата на Шешељ, ние жртвите на геноцидот заклучивме дека Европа и светот се грижеа да направат проект за војна во БиХ, геноцид, а сега план, како да ги ослободат злосторниците-изјави претседателката на Здружението мајки „Сребреница“, Мунира Шубашиќ.
Таа наведе дека има сознание дека и „поранешниот генерал на војската на босанските Срби“, Звонко Толимир ќе биде ослободен од затвор, иако е осуден дека направил геноцид.
Претседателот на Здружение на жртви и сведок, Мурат Тахировиќ наведе дека претставниците на здруженијата на жртвите на војната во БиХ напишале писмо со кое „сакаат да предупредат по кој пат оди Хаг и дека судот не носи правда за жртвите“.
Писмото ќе го испратат и до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и специјалната известувачка за независност и адвокатка при ОН, Габријела Кнаул.
Е. Г.