Каталонците кои од секогаш му биле лути на нивниот прославен сликар Салвадор Дали, затоа што имаше блиски односи со шпанскиот диктатор Франциско Франко, конечно му простија за „гревот“, рехабилитирајќи го него еден од големите Каталонци и неговата уметност.
„Рехабилитацијата“ уследи откако градските власти на Барселона одлучија да му одадат почит на големиот светски ликовен уметник со именување на еден од поголемите плоштади во градот со неговото име.
Четврт век по смрта на Дали, градските власти се согласија да изградат „Плаза де Салвадор Дали“ во реонот Сагрера во источнит дел на Барселона.
– Станува збор за широк простор кој достојно ќе ја истакне големината и значењето на Дали, изјави претставник на градската управа.
Со години сликарот беше остро критикуван затоа што во 1948 година се врати од егзил за да живее во „франкистичка“ Шпанија. Осудите кон него станаа поостри откако Дали во 70-те години на 20-от век, го наслика портретот на Кармен Мартинез Бордиу, внуката на генералот Франко.
Главниот град на Шпанија, Мадрид и другите градови во земјата од поодамна имаат улици и плоштади што го носат името на Салвадор Дали.