Милановиќ: Не се сметам одговорен за протестот на бранителите

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска дека не се чувствува одговорен за протестите на воените инвалиди и бранители кои веќе четврта недела се одржуваат пред Министерството за бранители во Загреб,  и нагласи оти не мисли дека тие се изманипулирани, јави Танјуг.

– Тоа е потценување и навредување на нечиј ум и разумност. Луѓето имаат свои причини во кои јас не можам да навлегувам, но сигурно не сакам да потценувам, нагласи тој, одговарајќи на пратенички прашања.

Милановиќ додаде дека тоа не може да биде причина за таков вид протести и барање ултимативна оставка за ресорниот министер Предраг Матиќ и неговите најблиски соработници.

Воените воени инвалиди и бранители на протестите бараат, освен оставка на Матиќ, да се донесе во што покус можен рок уставен закон за бранители кој повеќе ниту една политичка опција нема да може да го менува. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски