А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

by А1он12/11/2014 - 11:5212/11/2014 - 12:03326
Share0

Министерството за земјоделство ја активираше банкарската гаранција на индиската компанија „Сахара груп“ од околу 3 милиони евра поради неисполнување на обврските на компанијата од договорот потпишан при преземање на комбинатот.

Добивај вести на вибер

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ниту премиерот Никола Груевски ниту Владата некогаш рекле дека Субрата Рој ќе инвестира во Македонија.

subrata-gruevski

А Сахара Индија Паривар на Субрата Рој, денеска излезе со соопштение дека останува на своите ветувања за инвестирање во Македонија.

Еве што стои во соопштението:

Сахара Индија Паривар е во напредна фаза од спроведувањето на своите бизнис планови во Македонија и не постои ни најмал сомнеж за повлекување од кој било од овие проекти.

Подготовките за споменикот на Мајка Тереза како и Домот Мајка Тереза во Општина Илинден се веќе комплетирани. Додека пак целосното реновирање на познатиот хотел Славија во Охрид ќе започне после новогодишните празници. Проектите ќе бидат спроведени од тим на врвни изведувачи од Македонија.

subrata-gruevski-stavresi

Што се однесува на земјоделскиот и проектот за млекарницата, работиме за да дојдеме до прифатливо решение за некои конкретни прашања од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и убедени сме дека ќе бидат разрешени. А во врска со одлуката за банкарската гаранција, наше мислење е дека ќе има негативно влијание врз овој мега проект, кој што е рана фаза на спроведување. Можеме да разбереме зошто Македонската влада се одлучи на овој чекор и подготвени сме за последиците. Ќе ја следиме секоја одлука од Владата и ќе останеме посветени на исполнување на нашите обврски. Ова не е само еден проект на Сахара Индија во земјата, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси во странство и затоа сме среќни што сме партнер со земја што се наоѓа во забрзан развој.

subrata-roj

Сахара има свои канцеларии во Скопје, Охрид и Штип, локален тим од 30 луѓе, како и тим од експерти од Индија кои се на постојан престој во Македонија со цел спроведување и операционализација на проектите. А за следната фаза е започна процес на ангажирање луѓе. За најдобро и квалитетно доставување на производите и услугите, Групата блиску соработува со широк опсег на македонски компании со цел да ги привлечи како надворешни соработници. Сахара ги вложува сите напори и ќе направи се да ги исполни своите обврски кон Македонија како и својата деловна посветеност на земјата.

Многу е евидентно дека ситуацијата во Индија поврзана со две компании од Сахара Групацијата се одразува врз бизнисите на групата низ целиот свет. Иако Сахара има јасни приоритет дека проектите во Македонија нема да бидат стопирани, се случија работи поради кои проектите беа одложени како резултат на административни бариери или компликации што се појавија заради ситуацијата на терен.

subrata-gruevski-stavresi1

Сепак, Сахара Индија Паривар секогаш цврсто останува на своите ветувања. Компанијата има повеќе од 1,2 милиони вработени и повеќе од 20 бизниси низ целиот свет. Секоја компанијата и секој човек поминува низ добри и лоши времиња. Веруваме дека вистината и добрите дела се сојузници кои секогаш ќе го најдат патот до излезот. Ние има стрпливост и време да продолжиме со нашите планови затоа што знаеме дека сме на правата страна од вистината.

saharasubrata roj

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска24/05/2017 - 14:4026/05/2017 - 13:08

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска29/10/2016 - 16:1929/10/2016 - 16:19

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска19/11/2014 - 11:35

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска11/11/2014 - 14:3611/11/2014 - 16:52

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска10/11/2014 - 17:2510/11/2014 - 17:43

ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Груевски никогаш не реклe дека „Сахара груп“ ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира

Ана Ололовска10/11/2014 - 16:0311/11/2014 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен