Европската Унија, по изборите на териториите Доњецк и Луганск на 2 ноември, повторно има намера да се позанимава со режимот на санкциите против Русија. Брисел и Вашингтон изборите во самопрогласените републики ги прогласија за незаконски и спротивни со мировниот процес и договорот од Минск од септември оваа година. Веќе е познато дека Европската Унија ќе ги заостри санкциите против новоизбраното раководство на ЛНР и ДНР. Т.е. санкциониот список ќе биде дополнет со уште десет имиња од Доњецк и Луганск. Министрите на земјите членки на ЕУ на 17 ноември треба да одлучат на кој уште начин може да се казни Русија.
Бидејќи веќе сите во ЕУ се уморни од апсурдните санкции, новиот шеф на Европската комисија Жан Клод Јункер сметаше за неопходно да објасни на 5 ноември во Брисел дека нема да измислува нови санкции, но нема ни да ги укине. Нешто слично во Берлин изјави и германската канцеларка Ангела Меркел. – Ние би сакале да ги укинеме санкциите, но имајќи ја предвид сегашната состојба, тоа се чини невозможно.
Во какви било други околности за позициите на ЕУ, во принцип, може да се најде рационална врска. Дури и затегната. Ако Украина ги исполнеше барањата од Минскиот протокол од 7 септември: да почнеше повлекување на тешката артилерија, да го запре бомбардирањето и гранатирањето на градовите во Донбас, рушењето на електростаниците, училиштата и болниците. Но, ништо слично не се случува. Токму од оганот на украинската национална гарда од почетокот на септемвриското примирје во Доњецк и Луганск загинаа ококу 400 цивили, додека на украинска страна нема жртви меѓу мирните граѓани.
Европската Унија не реагираше ни на гранатирањето на училиштето во Доњецк на 5 ноември од страна на украинската војска. Загинаа двајца ученици, додека шестмина се тешко ранети. И сето тоа се случи за време на режимот за прекин на огнот. Ако нешто такво се случеше во Европа, дебатите ќе траеа со месеци. Отсуството на реакции од европските престолнини на оваа крвава драма, не може да се нарече цинизам, туку отворено богохулење.
Организацијата за правата на човекот Меѓународна амнестија, гранатирањето го нарече и погибија на деца, воен злостор, и побара итна темелна истрага.
Наместо дијалог, постојано ни се упатуваат ултиматуми, ни се уништуваат домовите, ни ги убиваат мајките, жените, децата и притоа бараат да прифатиме правила од Киев и да организираме нивни избори под нишан на нивни тенкови и пушки, уште сами на себе да си ископаме гробници – изјави новиот претседател на ЛНР Игор Плотницки.
Ние сепак остануваме соседи со Украина. Глупаво е да се одржува воена состојба со соседите, кога можеме да имаме и политички и економски односи и од тоа да има корист сопствениот народ. Ние секогаш сме биле подготвени за дијалог со Киев.
Се стекнува впечаток дека некој ја диригира ЕУ, а Русија и лично претседателот Владимир Путин упорно проверуваат на сила и издржливост, смета професорот на Академијата за државна управа при претседателот на РФ Владимир Штољ. Тука одамна не е важно што прави Москва, туку какви провокации можат да се дофрлат преку Киев.
Само прашањето на новите санкции и дополнителните притисоци изгледа апсурдно од гледна точка на елементарните норми на дипломатијата и взаемните односи меѓу државите – смета Шољ:
Во политиката не е дозволен таков однос. Земјата изјавува дека нема да дозволи никаков надворешен диктат во однос кон себе и веднаш почнуваат да ја тестираат нејзината сила, колку нејзините зборови се поклопуваат со реалната состојба на работите? Русија нема да има никакви можности да се однесува поинаку, дури и ако таа сака. И освен тоа, гласањето во Доњец и Луганск, тоа не е избор на Москва, туку избор на народите на тие републики.
Колку пати можат да се повторуваат исти грешки, да се провоцира Москва и да се воведуваат совршено ирационални санкции, испратени од другата страна на океанот – изјави во Европскиот парламент пратеник на британската Партија за независност на Обединетото Кралство, Најџел Фараџ:
На долгата листа на неуспеси и грешки на надворешната политика на ЕУ последните неколку децении, вклучувајќи го и бомбардирањето на Либија и обидите за вооружување на сириските бунтовници, совршено е непотребно да се провоцира рускиот претседател Владимир Путин. Империјата ЕУ која се стреми кон експанзија соопшти за своите права на територијата на Украина уште пред неколку години. За уште повеќе да ја заострат состојбата, некои членки на НАТО исто така почнаа да изјавуваат дека сакаат да ја видат Украина во НАТО. Ние отворено предизвикавме бунт во Украина и симнување на законскиот претседател Виктор Јанукович. Тоа предизвика природна реакција кај Владимир Путин. Пораката на цела оваа приказна е: Ако ја удрите руската мечка со палка во слабините, не треба да се чудите што таа реагира на тоа.
Уште едно од низата заседанија на тристраната Контакт група за Украина со учество на претставници на ДНР и ЛНР, Русија и ОБСЕ може да се одржи за три недели, соопштија во Донбас. – На следниот состанок во мински формат претставниците на републиките ќе предложат нова редакција на Минскиот протокол. Тоа е неопходно имајќи предвид дека Украина еднострано го анулираше, укинувајќи ги законите за посебниот статус на Донбас и за амнестијата – објаснија лидерите на самопрогласените републики. Најверојатно дека Киев, кој изведе прегрупирање и вооружување на војската на исток, е подготвен конечно да го прекине примирјето.
Гласот на Русија – Москва