Одгледувањето на опиумски афион во Авганистан достигна рекорд оваа година, наспроти повеќемилионската американска кампања на сузбивање на тој посев, се наведува во најновиот извештај на канцеларијата на ОН за борба против наркотици и криминал (УНОДЦ).
Подрачјето насеано со опиумски афион изнесува 224.000 хектари во 2014, што е за седум отсто зголемување во однос на минатата година.
Една година по соборувањето на талибанскиот режим, во 2002 година имало 74.000 хектари насеани со таа култура.
Наспроти американските и меѓународни програми за сузбивање на одгледувањето на опиумски афион, дошло до огромно зголемување на насеаните површини во јужните и западните делови на Авганистан, вклучувајќи го подрачјето каде што се наоѓаат радикалните талибански упоришта.