Собранието денеска расправаше за два закона

Од:

Во рамки на првото продолжениe од 21. седница, Собранието на Република Македонија денеска го поддржа во прво читање предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје и ја заврши расправата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, за кој гласањето ќе биде по редовната пауза, пренесе новинската агенција МЕТА.

Во образложението на предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје, заменик-министерот за финансии, Ардиан Џеладини, рече дека основно решение што се предлага со законот е претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени кредити од странство од страна на државата во период 2013-2014 година, во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје.

Во образложението на измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, заменик-министерот за финансии Џеладини рече дека целта е уредување на стапката и основицата за пресметување на придонесот за задолжително здравствено осигурување на иселениците-државјани на Република Македонија кои примаат пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада