ВМРО – ДПМНЕ: Плоштадот е јавна површина на која канцеларии има и СДСМ

Од:

СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста. Плоштадот кој треба да се изгради не е во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ или на било која друга партија. Плоштадот е јавна површина која ја користат граѓаните, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на денешната изјава на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

На истиот тој плоштад, се посочува, се наоѓаат и просториите на општинската организација на СДСМ-Центар и на неколку други политички партии, се наоѓаат државни институции и згради на министерства.

– Плоштадот за кој говори СДСМ до скоро беше запуштено место, а со градењето на овој плоштад, катната гаража и новите објекти ќе се заокружи целосното оплеменување на овој простор. Самиот простор се наоѓа во строгиот центар на градот, на десетици метри од Плоштадот Македонија и улицата Македонија и е крајно неодговорно ваков простор да се остави запуштен, се вели во реакцијата.

Освен овој проект, се појаснува, во Градот Скопје се реализираат и други проекти, а се обезбедени средства и се работи на изградбата на водоводна мрежа во населбата Шуто Оризари и атмосферската канализација во Скопје.

– Ако СДСМ не беше лицемерен и не се обидуваше да придобие ситни партиски поени, тогаш овие проекти кои ги споменуваат, можеше да ги реализира кога ја имаше локалната власт во Градот Скопје, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Она што СДСМ не може да го прифати,одговараат од ВМРО – ДПМНЕ, е фактот дека во Македонија и во Скопје се гради. Потсетуваат дека сега во Скопје се градат нови плоштади, паркови, но и водоводи, се набавија 313 нови автобуси, се изградија булеварите Илинден, Србија, Борис Трајковски, Теодосиј Гологанов, Климент Oхридски, Трета Македонска Бригада, огромен број други улици, канализации, реконструкција на училишта и уште голем број на други проекти кои се во интерес на граѓаните и кои Скопје го претвораат во вистинска метропола.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски