Неколку часа по раѓањето бебето ги препознава гласовите, кои ги слушало додека живеело во матката и тие гласови го смируваат.
Звуците кои бебето ги испушта, како и движењето на рачињата се негов начин на реагирање на она што му го зборувате и начин на комуникација со вас. Применете ја едноставната техника ЗСР (зборувајте, слушајте, реагирајте) барем пет пати во текот на денот.
Набљудувајте и учете
Внимателно загледајте се во очите на бебето и следете ја неговата реакција. Околу шесттата недела од животот бебето може да се фокусира на вашите очи, а овој директен контакт ви дава чувство на сигурност. Исто така играјте си со бебето секој ден додека е во лежечка положба, која ќе му овозможи да ве гледа во лице. Ако почне да ја врти главата и да го пренасочува погледот, тоа би можело да биде знак дека е уморно.
За време на оваа комуникација можете да го држите бебето блиску дo вас во носилка на градите, бидејќи и тоа ќе му влее чувство на сигурност. Сепак, најважно е да му дозволите на бебето само да ви покаже што му е пријатно. Некои деца не сакаат цело време да гледаат во мајките, а додека растат, нивната љубопитност и погледот се повеќе се свртува кон светот кој ги опкружува.