Германија, под одредени услови, може да не исплаќа социјална помош на граѓаните на Европската унија, одлучи денеска Европскиот суд во Луксембург, пренесуваат германските медиуми.
Една држава мора да има можност да укине одредени социјални бенефиции, одлучи судот во случајот со една Романка и нејзиниот малолетен син, кои во Лајпциг барале социјална помош, позната како „Харц IV“, иако не барала работа.
Во конкретниот случај станува збор за 25-годишна Романка и нејзиниот петгодишен син со кои живеела кај својата сестра во Лајпциг од 2010 година.
Романката никогаш сериозно не барала работа и откако и е одбиено барањето за социјална помош поднела тужба против Германија пред Европскиот суд во Луксембург.
Денешната пресуда може да има долгорочени последици за германската социјална политика и почитување на принципот на слобода на движење и престој во рамките на ЕУ.