Ирачките сили ги истерале џихадистите од градот Беиџи

Од:

Ирачката војска ги натера џихадистите од Исламска држава да се повлечат од центарот на градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата ирачка рафинерија на нафта, јави денеска ирачката државна телевизија.

Командантот на воените сили во тој град, генералот Абдул Вахаб ал Сад изјави дека воените единици ја зазеле зградата на локалната влада и седиштето на полицијата.

Градот Беиџи, оддалечен 250 километри северно од Багдад, го зазедоа во текот на летото припадници на ИД во рамки на инвазијата на северен Ирак и подрачјето западно од престолината на провинцијата Анбар.

Владата во Багдад засега не го потврди извештајот на државата телевизија, но генералот Ал Сади уште во саботата изјави дека неговите сили ја презеле контролата врз поголемиот дел од Беиџи.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак