Грција годинава очекува 23 милиони туристи

Од:

Грција годинава очекува бројот на странски туристи да достигне 23 милиони, што е раст од 15 проценти во однос на минатата година, покажуваат ревидираните статистички податоци на грчката асоцијација на туристички агенции, објави весникот „Вима“.

Во првите десет месеци од годината Грција ја посетиле над 14 милиони туристи, што во истиот период на 2013 година изнесува 12 милиони.

Само во октомври грчкиот главен град Атина го посетиле над три милиони туристи, што е раст од 38,6 отсто, во однос на истиот месец 2013 година. Солун во октомври го посетиле над 1,4 милини туристи, што претставува раст од 25,2 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Според грчките туроператори значителен раст на туристи годинава е забележан и на островите. Меѓу најпосетените се Миконос, Санторини, Скијатос, Самос, Закинтос, Крит, Кос, Родос и Кефалонија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ