Могерини назначи иследник за ЕУЛЕКС

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини му ја довери денеска истрагата за корупција во ЕУЛЕКС на професорот Жан Пол Жак, познат експерт за меѓународно право.

– Денеска го именував професорот Жак како независен експерт да ја преиспита примената на мандатот на ЕУЛЕКС, со посебен фокус на обвинието за корупција, истакнува Могерини во соопштение за медиумите.

Таа од Жак побара во рок од четири месеци да и ги достави резултатите од истрагата и препораките за натамошните чекори.

Одлуката на Могерини следеше по сериозните обвиненија на сметка на ЕУЛЕКС, кои ги објави приштинскиот весник „Коха диторе“, а ги потврди поранешната обвинителка на европската мисија, Мари Бамие.

Според тие обвиненија, високи функционери на ЕУЛЕКС земале пари и одржувале непримерни врски со лицата обвинети за тешки кривични дела, додека други спречувале истрага за случаите за корупција. 

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он