Група научници од Универзитетoт во Лондон и од бостонскот Харвард направиле истражување во неколку ресторани и заклучиле дека храната е највкусна кога гостите и готвачите можат да се видат едни со други.
– Не само што перцепцијата на квалитетот била подобра, туку и објектвно гледано храната била многу подоро подготвена, вели Рајан Бјуел, професор од Харвард и еден од авторите на студијата.
Тој објаснува дека јадењата биле повкусни затоа што готвачите не ја подготвуваат храната однапред, како што е тоа чест случај во рестораните, каде кујната е целосно одвоена од салите за јадење.