Анкара: ПКК го поткопува мировниот процес

Од:

Турската Влада смета дека Курдската работничка партија (ПКК) го поткопува процесот за мирно решавање на курдскиот конфликт, изјави Јалчан Акдоган, турски вицепремиер.

Акдоган нагласи дека определени акции на ПКК против јавниот ред меѓу кои се и киднапирања, го направиле „кревок“ процесот за мир уште пред пројавите на насилства во протестите на курди минатиот месец.

Во протестите на курди во почетокот на октомври во Турција против акциите на Исламска држава во северна Сирија загинаа најмалку 40 луѓе.

Акдоган нагласи дека турската Влада „протестира“ против пројавите на насилства од ПКК, извршени и покрај сите демократски реформи во кабинетот насочени за решавање на курдскиот конфликт.

Во крајот на 2012 година турските власти почнаа со преговори за мирно решение на курдскиот проблем со лидерот Абдула Оџалан кој издржува доживотна пресуда затвор. Десетици илјади луѓе загинаа од почетокот на борбите на ПКК во 1984 година насочени за добивање курдска автономија во југоисточна Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски