Во Тетовско 67 сообраќајки во октомври

Од:

Тројца загинати, 7 тешко и 45 лесно повредени лица, како и 44 сообраќајни несреќи со материјална штета од околу два милиони денари е билансот на вкупно 67 сообраќајки што во октомври се случиле на тетовското подрачје, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Вкупната бројка на сообраќајни несреќи за овој месец е за седум случаи помала во споредба со ланскиот октомври.

– Најчести причини за несреќите во овој период се неправилно вршење дејствие (21 несреќа) и неприлагодена брзина (10 несреќи) додека сообраќајно најризични и во текот на претходниот месец биле тетовските улици „Илинденска“, „Маршал Тито“, „Страшо Пинџур“ како и регионалниот пат Тетово-Јажинце, изјави Јосифовски.

Тој посочи дека за истиот период од страна на полицијата вкупно биле контролирани 1598 возила при што 63 биле исклучени од сообраќај, 57 биле технички неисправни, 68 со истечена регистрација, 33 лица управувале без возачка дозвола, 12 под дејство на алкохол и 14 возачи-почетници.

– Констатираните прекршоци, пропусти и недостатоци од службениците на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај санкционирани се со 449 платни налози и 361 покана за наплата на глоба како и со 518 барања за поведување прекршочна постапка.Времено одземени се 62 сообраќајни дозволи, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Само мерки на претпазливост за пијаниот возач кој тешко повреди пешак во Скопје

Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга – Дебар

Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Прилеп – Битола

Поради сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп