Околу 40 отсто од младите во Велика Британија до 25 години, врз кои морало да биде извршена хирушка интервенција за да се запре растот на нивната телесна тежина, биле оквалификувани од лекарите како „супер дебели“.
Хирурзите оценуваат дека ваквите податоци со кои располагаат британските здравствени власти, се јасен показател за „неупсехот да се спречи и запре дебелеењето“ на младата генерација.
Според медицинските сознанија, расте бројот на пациентите кај кои морале да се интервенира, за да почнат да слабеат, затоа што се зголемува бројот на дебелите и затоа што тие се повеќе заболуваат, па мора да интервенираат хирурзите.
Во периодот меѓу 2010 и 2013 година, се извршени повеќе од 18 илјади хирушки интервенции во 137 болници низ Велика Британија. Извршени се преку 9,5 илјади гастро-бајпас интервенции и 8.500 други хирушки зафати за да се покрене процесот на слабеење.
Медицински експерти објаснуваат дека нивната цел е подобрувањето на вкупната здравствена состојба на ваквите пациенти, а не за да се измени нивниот естетски изглед.
Ваквите оперативни зафати се безбедни и ефикасни, но не се евтини, па постојаното зголемување може да предизвика зголемување на финансиките проблеми на британското јавно здравство.
Лекарите инсистираат на промената на исхраната и начинот на живеење, посебно кај младите за да се намали дебелеењето.
Од овие 18.000 интервенции, 550 биле извршени врз млади до 25 години, а во 62 случаи и кај тинејџери под 18-годишна возраст, што се оценува како алармантен податок.