(АНАЛИЗА) Давачки за хонорари: Сите пред шалтерите на ПИОМ – ќе се пријавуваат и хонорари пониски од минималната плата!

Од:

Итно да се повлече законското решение за плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување за хонорари и авторски договори, во спротивно епилогот ќе биде револт кај граѓаните и кај бизнисмените – велат стопанственците според кои новите правила се недоречени па во одредни ситуации и небулозни.

Според економистите пак ваквото „оданочување“ ќе ги загрози најранливите категории на граѓани, а ќе предизвика и двојно плаќање на иста давачка што се коси со меѓународните правила.

Иста давачка ќе се плаќа два пати?

Фондот за пензиско осигурување ги објави правилата за тоа кој и по каков основ, од 1-ви јануари ќе биде обврзан да ги пријавува дополнителните приходи. Иако законското решение предвидува да се плаќаат давачи за хонорари повисоки од просечната плата, обрската за пријавување ќе важи за сите, без разлика на висината на дополнителните примања, но со исклучок на повластените функционери, пензионери, врвни спортисти, пратеници, советници кои се изземени од законското решение.

„Без разлика на висината на хонорарот, секој Договор за остварување на дополнителни приходи ќе мора да се достави до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа ПИОМ ќе ја направи пресметката дали ќе се плаќаат давачки. Така, ако физичко лице остварувало приходи од различни места и крајниот збир е поголем од минималната плата, тогаш ќе мора сам да си ги плати придонесите за пензиско и здравствено осигурување“ – велат од ПИОМ.

Освен тоа што решението е спорно поради тоа што ги заштитува функционерите, пратениците, советниците, врвните спортисити и пензионерите, економистите велат дека тоа се коси и со меѓународните правила кои забрануваат двојно „однаочување“. Имено, посочуваат пример во кој едно вработено лице, за кое веќе се плаќаат придонеси, остварува дополнителен приход за кој повторно ќе се плаќаат истите придонеси.

Така, велат, економисите ќе се создаде состојба на плаќање на иста давачка два пати, што се коси со Уставот и меѓнародните правила. Од друга страна тука е и прашањето што ќе добие од државата оној осигуреник, кој два пати ќе плаќа за здравствено осигурување.

„Сега се содава можност еден осигуреник два пати да плаќа иста давачка. Од една страна ако се доцни со плаќање на придонесите се предвидени санкции за казнзување, од друга страна се поставува прашањето што пак добива еден осигуреник ако два пати плаќа за здравствено осигурување. Дали на нему државата ќе му понуди доплнителни услуги, приоритет, бенефиција, или и тој, кој плаќа здравствено два пати ќе треба да чека во “Мој термин“, вели консултантот Горан Рафајловски.

Сличен став има и академик Абдулменаф Беџети.

„Оваа мерка според мене нема економска логика и таа е спротивна на меѓународните стандарди кои не дозволуваат двојно плаќање на исти давачки, состојба со која може да се соочат дека од сегашните вработени кои на пример се вработени кај еден работодавач, а примаат хонарар за кој дополнително ќе мора да плаќаат придонеси. Уште едно клучно прашање е што тие осигуреници добиваат за возврат, како резултат на двојно плаќање на придонеси за здравствено осигурување на пример. Се се сведува на полнење на буџетската каса, мерки кои немаат елементрана економска логика,“ вели универзитетскиот професор Абдулменаф Бџети.

Зголемени трошоци, намалени хонорари…

Дел од бизнисмените со кои разговараше „Порталб“ сметаат дека сегашното законско решение ќе реултира на два начини : или газдите ќе ги намалат хонорарите или граѓаните ќе се изложат на доплнителни трошоци сами да ги плаќаат придонесите.

Со новите законски измени, трошоците на работодавачите за ангажираните лица со авторски договори или како хонорарци ќе се зголемат за 35%.

„Исплатувач на приходот за извршена физичка и/или интелектуална работа по основ на Договор за дело, Авторски договор и/или друг договор кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, има обврска договорот/ите да го/ги достави до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија“, пишува во известувањето на ПИОМ.

Без сомнение ова законско решение значајно ќе ги зголеми трошоците, оценуваат стопанственците.

„Ова законско решение, особено во делот за наплата на придонеси за авторски договори е небулозно и мора да се повлече. Целиот концепт се коси со Законот за работни односни кои точно прецизира што е остварен приход од работен однос. Оттука не смее да се стави знак на еднаквост меѓу авторски приходи и приходи од работен одност. Ако одиме по сегашната логика, зошто не се плаќаат придонеси за други видови на приходи, ете за дивиденди на пример. И тоа е приход. Значи, за прихдите од авторските договори веќе се плаќа персонален данок и тука треба да се запре“, вели Рафајловски и додава:

„Вака како што планира Владата, крајниот исход ќе биде намалена заработка за граѓаните. Фирмите не се социјални единици. Многу вреојатно ќе биде работодавачаите кои имаат ангажирано лица по аторски договор или хонорараци, да ги намалат за да не се изложуваат на дополнителни трошоци“.

Економистите не ја исклучуваат можноста ниту од подгревање на сивата економија.

„Наместо на транскациска сметка, дел од хонорарите да се исплаќаат во кеш за да се избегне плаќање на давачките. Не треба да се исклучи ниту можноста од ваков ефект. Но се отвора опасност наместо да ги зголеми приходите по основ на давачки, Владата да остане и без оние што сега ги има“, вели професорот Беџети.

Додека јавноста серозно реагира на новите законски решенија според кои од 1-ви јануари ќе се плаќаат придонеси за здравствено и пениско осигурување, надлежните институции допрва ќе спроведуваат обуки како да се спроведе Законот на терен. Во тек е исработка на апликациите кои ќе треба да се пополнуваат од страна на новите обврзници.

Дали и колку новите давачки ќе променат лошата финанасиска состојба во двата фонодви, за пензиско и за здравствено осигурување допрва ќе се анализира. Спред бројките, во земјава има околу 530 000 вработени а 290 000 пензионери или 1,8 вработени издржуваат еден пензионер.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка