Македонскиот ракометен првак Вардар го обезбеди пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите за жени со победата над Подравка и, конечно, одигра моќно и убедливо. Задоволство од победата, но и од играта синоќа на прес-конференцијата по натпреварот искажа тренерот Индира Кастратовиќ.
– Сакам на моите девојки од срце да им честитам, затоа што на овие три последни натпревари секогаш беше „кога ќе почнете да играте како што знаете“ и јас знаев дека моите девојки можат да експлодираат. Знам дека моите девојки се најдобри во Европа. Сепак, секогаш може подобро. Сега сме среќни, има емоции, но од утре ќе видиме каде грешевме и каде може да бидеме подобри. Сигурна сум дека овие ракометарки можат да пружат уште 30-40 проценти повеќе. Денеска се радуваме, а од утре почнуваат подготовки за Будуќност, знаеме кој е Будуќност, мора да се потрудиме да победиме, изјави Кастратовиќ.
Таа се осврна и на настапот на младите Стојановска, Митова и Петковска кои првпат за играа во ЛШ.
– Секогаш ќе им давам шанса на младите девојки кога има простор за тоа. Знам дека тренинг и натпревар не е исто и дека сега чувствуваа малку трема, рче предводникот на „црвено-цтрните“.