Грчките сеизмолози очекуваат нови потреси во реонот на Кефалонија

Од:

Грчките сеизмолози денеска соопштија дека по земјотресот со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала, што ноќеска го погоди јонскиот остров Кефалонија, очекуват серија вторични потреси, од кои некои би можеле да бидат со јачина и до 4,6 степени.

Земјотресот на Кефалонија, при кој нема жртви и не е причинета материјална штета, според атинскиот Институт за геодинамика, бил со епицентар на 283 километри од Атина и на осум километри јужно од градчето Аргостоли, на длабочина од пет километри под морското дно.

Според сеизмолозите, земјотресот се должи на сеизмички поместувања предизвикани од потресите што го погодија регионот во февруари годинава. Тие предвидуваат интензивирана сезимичка активност во регионот на Кефалонија во следните неколку дена.

На истиот остров завчера беше регистиран земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Во 1953 година Кефалонија беше погодена од потрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит