Вистинска драма се случувала вчера на пладне на ул.„Стојан Сликар“ во Куманово, кога во семејната куќа, 55-годината сопруга му нанела тешки повреди на својот три години постар сопруг.
По жестока расправија, Кумановката зела чекан во раце и почнала да го удира по глава сопругот.
Повредениот поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен Центар Скопје и е задржан за лекување. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.