Швајцарија нема да враќа бегалци од трите најпогодени од ебола африкански држави чии молби за азил биле отфрлени од властите, соопшти Националниот директорат за правда и на полицијата.
Имигрантите од Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја чии молби за азил биле отфрлени ќе може да побараат од швајцарските власти поместување на датумот на кој ќе треба да ја напуштат државата.
Ќе бидат враќани во државите само луѓе кои извршиле криминал и се закана за безбедноста.
Во Швајцарија моментно се наоѓаат околу 200 луѓе од Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја кои поднеле молба за азил.